Промената на начинот на живеење и начинот на работа поради епидемијата на коронавирусот, освен тоа што им наштети на повеќето бизниси ширум светот, успеа и да им помогне на некои компании, а еден од најочигледните добитници од оваа криза е секако Zoom Video Communications која стана една од најпознатите преземени апликации за само неколку недели, а вредноста на нејзините акции драстично порасна.
Таа компанија во моментов располага со една од најкористените апликации во светот – станува збор за алатка за комуникација која е лесна за употреба, а изгледа како да ее создадена за светот кој се наоѓа во карантин бидејќи ни овозможува виртуелните состаноци и конференции да останат дел нд нашата секојдневна рутина.
Zoom не се користи само за деловни состаноци
За стотици колеџи низ целиот свет кои ја откажаа наставата поради коронавирусот, Zoom излезе како одлична алтернатива што значи дека стотици илјади студенти секојдневно ја користат платформата, а милиони луѓе кои работат од дома може слободно да се додадат на списокот.
Освен тоа, голем број водители ги водат своите емисии преку Zoom, а тука се вбројува славниот комичар Џими Фалон.
Компанијата само овој месец забележа пораст на преземањата на апликацијата за 183 проценти, а голем раст е забележан во сегментот нови корисници кои на компанијата ќе и донесат дополнителни 337 милиони долари до крајот на годинава.
Во САД Zoom стана најпреземана апликација на 18 март, а недела претходно беше на 11-то место. Ако се навратиме две недели, таа го делеше 87-то место.
На финансиски план, Zoom направи експлозија
Во април минатата година, акциите на Zoom кои котираа на берзата имаа цена од 65 долари по акција, а денес нивниот износ е повисок за 145 проценти, односно изнесува 159.65 долари по акција.
Треба да се има предвид и дека од почетокот на оваа година, цените на акциите на компанијата скокнаа за 130 проценти.
Само во понеделник, нивната цена се зголеми за 22 проценти, а во изминатите шест дена за 40 проценти.