Благајникот е одговорен за навремено и ефикасно услужување на клиентите на благајна во филијалата, одговорен да обезбеди точно и сигурно реализирање на готовинските и безготовинските трансакции на клиентите, зема учество и придонесува за продажбата и промовирањето на производите на Банката, обезбедува висок квалитет на услуги.
Советникот за продажба е одговорен за ефективна промоција и продажба на производите и услугите на Банката, зголемување на базата на клиенти на Банката, максимизирање на профитабилноста и зголемување на продажбата на производите и услугите на банката преку вкрстена продажба и реализирање на поставените таргети, обезбедување на високо ниво на задоволство на клиентите.
Агентот за грижа на корисници во Контакт Центар одговара на дојдовни повици и иницира излезни повици, извршува трансакции преку сервисот телефонско банкарство, одговара на поплаки/прашања, забелешки од клиентите поврзани со производите и сервисите на Банката.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
ВСП економски факултет, бизнис администрација или друга сродна област
За работното место Советник за продажба, работното искуство од најмалку година во областа на продажба ќе се смета за предност
Одличио познавање на англиски јазик поседување на соодветен сертификат за IELTS, TOEFL ќе се смета за предност
Одлично познавање на Microsoft Office
Обуки за продажба и грижа за клиенти поседување на соодветен сертификат ќе се смета за предност
Лични карактеристики на кандидатот:
Развиени комуникациски вештини, продажни вештини, моќ на убедување
Ориентираност кон клиенти
Способност за прилагодување на динамичната раббта во филијалите и на потребите на различните клиенти кои ја посетуваат филијалата
Подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки временски рокови
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.
Банката обезбедува минимална почетна плата во месечен нето износ од 18.000,00 МКД
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ
СТОПАНСКА БАНКА ВРАБОТУВА: Отворени се 3 (три) работни позиции
Издвоени огласи
-
плата до 40.000 денари: РАМСТОР вработува
Конкурс за вработување во Рамстор на 16 работни позиции, аплицирај!
-
Огласите од МАКСТИЛ истекуваат на полноќ: Аплицирај денес!
МАКСТИЛ вработува на шест позиции, аплицирај!
-
Неделен пресек на огласите: Барате работа како возач? Погледнете кои компании бараат нови работници
Ви ги презентираме огласите за работа во сектор транспорт, дистрибуција и продажба. Достапни се позиции за работа во различни локации низ Македонија.
-
Американска транспортна компанија со канцеларија во Скопје вработува на 3 позиции!
Компанија која нуди сигурен, брз и безбеден транспорт низ цела Америка вработува во Македонија
-
ПРОМЕДИКА вработува на четири позиции
кандидати со и без работно искуство
-
Огласи за вработување во Меркур Македонија - 2 слободни позиции
2 слободни позиции