Важно известување⚠️
Почитувани потрошувачи,
На социјалните медиуми се појавија информации дека во нашите маркети Тинекс Првомајска и Тинекс Драмски работат вработени кои се заразени со вирусот COVID-19.
Би сакале да ве информираме дека овие информации СЕ НЕВИСТИНИТИ и со тоа се загрозува угледот на нашата компанија.
Вработените во сите наши маркети и останати подружници се во добра здравствена состојба и засега ниту еден од нив не пројавил некои од симптомите на вирусот.
Здравјето на нашите потрошувачи и вработени е наш НАЈГОЛЕМ ПРИОРИТЕТ во овој период и ние не би дозволиле истото да се доведе во прашање, поради било која причина!
Ве молиме да ги сметате за точни и релевантни информациите кои ги објавуваат само проверени извори и медиуми како Владата и Министерството за здравство.