Целата ситуација со корона вирусот натера да се затворат продавниците, кафичите, рестораните, баровите.... Поради очигледни причини супермаркетите, иако со скратено работно време, останаа отворени. Прашањето е што кога треба да отидете на испазарите во супермаркет? Како да се заштитите себе и своите најблиски?
Супермаркетите превзезмаат секакви мерки за заштита и редовно вршат дезинфекција во самите продавници. И покај ригоризните превземени акции, голем број на луѓе ги допираат површините на работовите, корпите, односно количките за пазарење и самите производи.
Кога се наоѓате во супермаркет мора да посветите внимание на неколку работи.
Дезинфекција
Корпите и количките се предмети што ги допираат голем број на луѓе во текот на денот. Најдобро е пред да започнете со купувањето да ја пребришете рачката од корпата/количката со антибактериско марамче. Доколку немате марамче немојте да заборавите дома да ги пребришите сите артикли пред да ги ставите во фрижидер.
Направете список
За да не се задржувате повеќе од што треба, најдобро е уште дома да си направите список на потребните намирници. На овој начин веднаш ќе знаете што треба да купите и вооедно ќе го скратите времето поминато во супермаркетот.
Гледајте, но не допирајте
Допирајте ги оние продукти само за кои сте сигурни дека ќе си купите. Нема потреба да го фаќате секој предмет доколку немате намера да го земете истиот.
Картичка пред готовина
За да избегете контакт со вработените на каса, а со тоа и размената на пари, најдобро е да плаќате со платежна картичка секогаш кога сте во можост. Овој начин е уште еден чекор кон помала изложеност и поголема заштита.
Дезинфицирајте откако ќе дојдете дома
Кога ќе дојдете дома, најдобро ќе биде сите купени производи да ги дезинфицирате со тоа што ќе ги пребришете со антибактериско марамче. Откако ќе завршите со тоа, избришете ја и површината на која истите стоеле пред да ги складирате. На крај, темелно измијте ги рацете.
Запомнете: Личната хигиена е клучна - не го допирајте вашето лице, односно носот, устата и очите се додека не дојдете дома и темелно не ги измите вашите раце.