Нашите колеги од Вработување HR Solutions одговараат на прашањето „Што кога стварно ти недостасуваат колегите?“
Нема ништо поубаво од првото утринско кафе со колегите на работа. Понеделничкото прераскажување на тоа како ни поминал викендот, петочките afterwork забави, споделени ручеци и нарачки за време на пауза и преговарање кој треба да ја скенира сметката. За многу луѓе, колегите се нивниот главен извор на секојдневна човечка интеракција.
Но, COVID-19 направи големи промени на работните места, па така најдобрите пријатели – колеги може да останат одвоени на неопределено време.
Дури и најнеомилениот колега (да бидеме реални, мора да има барем еден таков) почнува да ни недоставува во вакви услови. Поради целата оваа ситуација, тимовите низ целиот свет креираат нови начини за поврзување со колегите кои веќе не ги гледаат секој ден.
Ви споделуваме некои од нив:
1. Рекреаирање на утрински кафе паузи
2. Организирање на виртуелни happy hours (по една пијачка со колегите)
3. Заеднички јога часови, аеробик часови
4. Играње на игри како „Не лути се човече“, асоцијации, онлајн игри со карти, board games
Тимот на Вработување HR Solutions е дел од оваа група на креативни тимови и секој петок го организира својот „Knowledge sharing Friday“ или „Funky Friday“ во кој посветува 2 часа од работното време на неформално собрирање (во моментов преку video call) и остава простор еден од вработените да сподели нешто ново и интересно кое го научил или пробал изминатата недела.
Секоја недела различен вработен споделува своја интересна тема или одржува кратка работилница за останатите, па така во текот на месецот секој има можност да претстави нешто уникатно.
Имате ли вие некоја ваква практика со колегите? Споделете ја со нас, а ние ќе направиме заедничка објава за да ги инспирираме и останатите тимови кои работат во изолација.
Тагнете го колегата кој најмногу ви недостасува додека работите од дома и смислете заеднички некоја виртуелна активност.