Како резултат на мерките предвидени за справување со COVID-19, многу компании им дозволија на своите вработени да работат од дома.
Одеднаш кај менаџерите се јавува ново прашање: „Како да ги менаџирам своите вработени додека работиме од дома?“ или „Како да бидам сигурен дека мојот вработен ги поминува работните часови фокусиран на работата, а не игра видео игра, гледа серија и слично?“
Како оваа фаза ќе ја помине менаџментот и вработените многу зависи од тоа колку транспарентен и искрен однос тој тим имал пред настанувањето на кризата. Довербата помеѓу вработените и менаџерите е взаемен процес и се гради долг период, но може да биде нарушена од мали невнимателни постапки.
Ви нудиме неколку совети како да ги менаџирате вашите вработени додека работат од дома, без притоа да бидете напорни и да пробате да го контролирате нивниот личен живот. Секако поминуваме низ тежок и незивесен период и живееме во паника и стрес, последно нешто што еден вработен го посакува е менаџер кој нема почит за неговото лично време или има неоснована недоверба во него.
Структурирани дневни состаноци
Не можеме за ништо да се договориме преку пораки. Исто како што правиме кратки состаноци во канцеларија при нормални услови, потребно е да организираме кратки тимски состаноци онлајн. Тие може да бидат во форма на серија повици еден на еден, ако вашите вработени работат самостојно или тимски повик доколку нивната работа е поврзана или се поклопува. Важно е повиците да бидат редовни, најдобро е доколку можете да ги закажувате секој ден во исто време и да им се даде до знаење на вработените дека тоа е просторот во денот во кој можат да се консултираат со вас за нивните грижи и прашања. Секако, остануваме во контакт и надвор од нив, во текот на денот секогаш кога има потреба.
Понудете неколку различни опции за онлајн комуникација
Е-маил комуникацијата не е доволна во вакви услови. Вработените кои работат од дома имаат потреба од друг вид, поприроден вид на комуникација како што е видео конференцијата, што им дава на учесниците да го следат невербалниот говор на соговорниците што потсетува на состанок во живо. Дополнително, видео комуникација помага да се намали чувството на изолација кај тимовите, што е важно во еден ваков осамен период. Исите се иделни и за сложени или чувствителни разговори (кои во овој период никако не смеете да ги правите во форма на текстуални пораки).
Понудете охрабрување и емоционална поддршка
Вработените најверојатно во овој период е да имаат многу промени во расположението. Еден ден се супер продуктивни, другиот ден не успеваат ништо да завршат, третиот ден паничат во врска со вирусот и фанатично ги следат сите прес конференции. Важно е менаџерите да имаат разбирање за овие очекувани состојби, да го прифатат стресот, да ги слушаат грижите и предизвиците на вработените и да се соживуваат со нивните борби. Ако некој вработен знаете дека е помолчалив во канцеларија, прашајте го директно „Како си денес?“ и понудете решение и помош или само ислушајте ги – некогаш и тоа е доволно.