Една убава фотографија пристигна од Италија, која трпи доста тешки последици поради пандемијата од коронавирусот.
Имено, шестмесечниот Леонард излезе како победник во борбата со коронавирусот, пишува Јумама.После 50 дена борба малиот Лео е излечен е од Ковид-19, а неговата весела фотографија го заобиколи светот.
-Ова не би го посакала на ниту една мајка. Кога му се покачи температурата, знаев дека е болен, па срцето почна забрзано да ми чука, мојот сопруг има колега кој се разболел од вирусот, рекла сега пресреќната мајка.
-Денеска имаме причина за насмевка и среќа, рекол градоначалникот на општина Корбета.-Благодарам многу, Лео. Благодарност до твоите родители што не се откажаа. Донесоа топлина во сите срца на жителите на Корбета, додаде тој во своето обраќање.