Од утре променет железничкиот возен ред поради ограниченото движење!
План за сообраќај на патнички возови во услови на ограничено движење со важност од 08.04.2020 година (полициски час од 16:00 часот до 05:00 часот во работни денови и од 16:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделник – за време на викенд)
Возови кои ќе сообраќаат:
o релација Велес – Скопје – Велес:
1. воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 09:15 часот,
2. воз бр. 2080 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 11:30 часот,
3. воз бр. 2081 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Скопје во 12:40 часот, и
4. воз бр. 2082 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 13:44 часот.
5. од понеделник до петок ќе сообраќа ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (гарнитура за воз бр. 630 од Велес).
o релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
1. воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:23 часот
2. воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 11:30 часот.
3. воз бр. 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +32 мин. и поаѓање од Велес во 06.45 часот. o релација Скопје – Битола – Скопје: – воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:57 часот – воз бр. 642 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Битола во 10:50 часот.
Дополнително на ден 08.04.2020 година, (среда) ќе сообраќаат и возовите бр. 640 релација Битола – Скопје и 661 релација Кичево – Скопје. Останатите возови планирани со возниот ред 2019/20 година нема да сообраќаат.
Официјалното соопштение можете да го погледнете ТУКА.