Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека од денеска приемот на странки во Регионални дирекции/одделенија/шалтери ќе биде од 09:00 до 12:00 часот.
Оваа промена е согласно Одлуката за утврдување на распоред на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа и воведување на забрана на движењето за сите граѓани на ниво на целата територија на Македонија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Управата за јавни приходи апелира даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи, да ги користат електронските услуги е-Даноци, e-Персонален данок, МојДДВ, kontaktcentar.ujp.gov.mk.