Актуелната криза со COVID-19 направи тектонски промени во економијата низ целиот свет. Сосема е во ред тоа што сме загрижени. Живееме во реалност за која никој од нас не добил упатство како да се однесува. Единствената утеха која можеме да ја имаме е дека сите поминуваме низ истото.
Голем дел од граѓаните во овие моменти освен што за загрижени за своето и здравјето на своите најблиски, се наоѓаат во позиција на неизвесност поради невработеност. Од друга страна, голем дел и од компаниите се соочуват со сериозни загуби и работат од ден за ден во страв и незвесност. Тие не можат да сметаат на дел од своите вработени поради почитување на актуелните мерки, во одредени индустрии работата е зголемена, а со тоа и потребата од нови вработени.
Во продолжение ви споделуваме индустрии кои имаат потреба од нови вработувања токму за време на кризата. Овие отворени позиции претставуваат добра можност за брз и сигурен влез на невработените или оние кои планираат да направат промена во својата кариера.
1. ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ, МАГАЦИОНЕРИ, РАКОВОДИТЕЛ НА ГЛАВЕН МАГАЦИН И РАКОВОДИТЕЛИ НА МАРКЕТ
3. Assistant Contact Center Manager (German Language)
Како и за граѓаните, така и за компаниите, моменталната состојба претставува голем предизвик, работните процеси мораат да течат непрекинато, се доцни со рокови, клиентите не сакаат да слушнат изговори, голем дел од нив можеби немаат разбирање поради тоа што и самите се во огромен стрес од целата ситуација. Сите работни процеси се ставени под ризик.
Влезот во вакви моменти во компанија како нов вработен ќе биде дочекан како огромна помош од страна на работодавците. Добриот работодавач ќе ги цени новите вработени кои започнале со работа токму во време на кризата.