Во живописната Малешевија, позната на туристите по убавините и како единствена воздушна бања на социјалните мрежи почна иницијатива за Органичување на група на луѓе кои не се од Малешевијата. Иницијаторите сметаат дека на овој начин нема да се дозволи влез на Ковид 19 во нивните општини. Досега во Пехчево и Берово не е направено ниту едно тестирање, бидејќи немаат граѓани со сомнителни симптоми. Прземени се и заштитни мерки и во единствениот дом за стари лица во Берово.
Над 2.500 жители на Берово и Пехчево ја подржуваат иницијативата „Ограничување на група на луѓе кои не се од Малешевијата“. Во овој регион нема регистрирано ниту сомнителни, ниту позитивни со коронавирус. Еден од иницијаторите, пехчевецот Живко Калков вели дека целта им е да се заштити здравјето на малешевци.Бараат да се постават три пункта. Надалеку познатата гостопримливост кон туристите и на сопствениците на викендици на Равна река и на Беровско езеро ќе им ја покажат по завршување на пандемијата.
Во овие две општини во самоизолација се вкупно 11 од кои 10 во Берово и еден во Пехчево, ниту еден нема симптоми на коронавирус. Досега на ниту еден жител од овој регион токму поради ова не е направено тестирање. Во државен карантин имаат 43 лица сместени во хотел на Беровското езеро, кои секојднево се прегледуваат од медицински лица. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски не сака да ја коментира фејсбук иницијативата, бидејќи како кризен шатб имаат донесено добри мерки. Посебни мерки на заштита имаат и во единствениот дом за стари лица во Брегалничкиот регион, каде што престојуваат 29 лица.
Нема посети во него, а последен станар дојде долго пред пандемијата. Просторите на домот редовно се дезинфицираат и се преземаат други мерки на заштита, вели Звонко Пекевски градоначалник на Берово.
Во Брегалничкиот регион од 11 општини во четири има регистрирано зазарени од Ковид 19 и тоа во Штип, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.