Додека САД продолжува да испумпува огромни количини на нафта со помош на хидраулично фрактурирање, Русија и земјите од ОПЕК се се уште во еден вид на нафтена војна за доминација на пазарот, а згора на се, за нафта во моментов речиси и никој не сака да плати бидејќи светскиот сообраќај е забавен поради пандемијата на коронавирусот.
Блумберг пишива дека тоа е причината поради која на светските мориња и океани пловат нафтени танкери што никој не ги сака. Бројот на танкери се зголемува од ден на ден бидејќи на пазарот има поголема понуда отколку побарувачка.
Производството на нафта во однос на побарувачката е на рекордно високо ниво. Складиштата на брегот се преполни и затоа производителите бараат дополнителни танкери, објасни Роберт Хвиде Маклеод, директор на Frontline Management – компанија која поседува голема флота на супертанкери.
Сега започнаа и шпекулации дека некои трговци продаваат нафта за 2021 година, пресметувајќи ја и цената за складирање на копно и море.
На голем број купувачи тоа им одговара бидејќи проценуваат дека цената која ќе ја платат денес ќе биде пониска од таа што ќе ја платат за година дена.