Мотото на Vrabotuvanje.com е “Вашето вработување е наша грижа и обврска”. Па токму затоа ви се обраќаме на сите вас кои во моментов сте на принуден одмор или на stand by, но и на сите други чии работни места се доведени во прашање поради корона кризата.
Ако се препознавте во една од горенаведените категории, имаме охрабрувачка порака за вас: “Не очајувајте, сето ова наскоро ќе помине и не очекуваат позитивни времиња, а овој период е најдобро да го искористете за да ја освежите вашата кратка биографија, да ги разгледате актуелните понуди за вработување и да се активирате“. Запомнете дека колку побрзо го направите тоа, толку поскоро ќе застанете на здрави нозе.
Важно е да се знае дека како вработените, така и компаниите беа затекнати од кризата. Не е во ничиј интерес да се згасне одредено работно место, односно некој да остане без работа. Зотоа, не го нарушувајте односот кој долго време сте го граделе со вашиот работодавач и обидете се да го задржите достоинството бидејќи после кризата постои веројатност да ве вратат на работа.
Но, како најбрзо да се активирате?
Првиот чекор е да креирате профил на најпосетениот портал за барање работа во Македонија каде најголемиот број од компаниите во моментов, но и после кризата ќе бараат вработени. Тој профил е ваше дигитално CV кое се пополнува како што внесувате повеќе релевантни информации за вашите вештини, образование, работно искуство, посакувано работно место и слично.
Како да направите профил?
Отворете го порталот www.vrabotuvanje.com.mk или кликнете на овој линк и пополнете ги потребните информации како на фотографијата подолу.
Доколку ви треба дополнителна поддршка контактирајте на тел 070393323.
Доколку сите внесени информации се валидни, ќе добиете порака дека Успешно се регистриравте на Vrabotuvanje.com.mk и на вашиот мејл ќе пристигне активациски линк за да ја завршите постапката за регистрирање.
Кликнете Регистрирај ме и ќе бидете најавени во вашиот профил.
Таму, потребно е да ги внесете сите релевантни информации за вас, како на пример: работно искуство, образование, јазици кои ги зборувате, вештини и компетенции, идеално работно место и други информации. На десната страна во полето Пополнетост на профилот можете во секое време да следите колку е пополнет вашиот профил (важно е процентот да биде што е можност поголем бидејќи тоа покажува да ги имате внесено сите потребни информации кои треба да ги содржи едно CV). На крај, доколку сакате да видите како ќе изгледа вашето CV потребно е да кликнете на полето Прегледај го профилот, а доколку сакате да го симнете CV-то во хартиена форма, потребно е да се вратите назад во МојПрофил и да кликнете на полето Преземи CV. Вашето CV би изгледало вака:
Освен професионално и уредно CV со вашиот профил добивате и низа бенефиции кои ги имаат само регистрираните корисници на vrabotuvanje.com.mk, а тоа се:
- можност да аплицирате на огласи со еден клик;
- можност да добивате огласи во согласност со вашите преференции на вашата електронска пошта;
- можност да бидете видливи за работодавците кои ќе пребаруваат работници во базата на профили на vrabotuvanje.com.mk;
- можност да добивате бесплатни совети за вработување и атрактивни огласи во нашиот е-весник;
- многу други можности кои секојдневно им ги нудиме на нашите корисници.
Запомнете дека за целото тоа време, вие сте анонимни и вие одлучувате дали вашиот профил ќе биде видлив за работодавците.
Доколку имате некое прашање или потешкотии при креирањето на профил, контактирајте не на телефонскиот број: 070393323.