На веб страната на Агенцијата за вработување може да се информирате дали сте се уште во работен однос, со каков договор сте пријавени, на колку часа сте осигурани или на кој начин сте одјавени.
Лицата за кои веќе постојат основни податоци во некоја од евиденциите на Агенцијата за вработување, може електронски да проверат дали се во работен однос, со каков договор се пријавени, на колку часа се осигурени или на кој начин се објавени.
Се што треба да направите е да се регистрирате како физичко лице на e-rabota.av.gov.mk внесувајќи го вашиот единствен матичен број и e-mail и лозинка со кои сакате поанатаму да се најавувате.
Откако ќе се најавите, треба да ја отворите секцијата Работни места и таму детално се наведени сите поранешни вработувања и тековни вработувања. Со клик на копчето детали може да проверите се во врска со вашето тековно вработување.