За да се спречи пропаѓање на плодовите кои нема кој да ги собира, германските власти одобрија во април и мај да стигнат по 80.000 сезонски работници од источна Европа.
Првите специјални авиони полни со сезонски работници од Романија пристигнаа во Германија. Во сезона на аспарагуси, дури и во време на корона, доаѓаат 80.000 сезонци. Ова е удараната вест деновиве во Германија на радост на тамошните земјоделци но и на сезонците кои најчесто доагаат од Романија и Бугарија
Недостигаат 300.000 работници
Во Германија недостигаат сезонски работници, земјоделците зборуваат за околу 300.000 луѓе кои им се потребни за работа на нивите. Но, за да се сузбие ширењето на коронавирусот, германската влада забрани доаѓање на работници од други земји. Земјоделците се надеваа дека ќе пронајдат доволно луѓе од Германија за работа Владата покрена онлајн-платформа каде луѓето се молеа да се пријават за работа на полињата, се’ беше организирано брзо и едноставно.
И навистина, според зборовите на германската министерка за земјоделство Јулија Клекнер, набрзо се пријавиле 16.000 луѓе. Но, без искуство во собирање аспрагуси, тие не биле вистинска помош.
Посебни дозволи за посебни летови
Владата реагираше: на почетокот на април стигна веста која ги израдува земјоделците. За да се спречи пропаѓање на плодовите кои нема кој да ги собира, германските власти одобрија во април и мај да стигнат по 80.000 сезонски работници од источна Европа.
Тоа беше исправна одлука, вели Јоахим Руквид, претседател на Германското здружение на земјоделци. Сега е важно тоа да се реализира. „Ние стриктно ќе се држиме до упатствата на институтот ’Роберт Кох’ за да го намалиме колку што е можно повеќе ризикот од ширење на заразата.“
Карантин и работа на нива
По пристигнувањето во Германија, работниците се соочуваат со строги мерки: првите две недели тие ќе бидат одвоени од другите работници и нема да смеат да го напуштат земјоделскиот имот. А собите во коишто се сместени смеат да бидат исполнети само со половина капацитет. Освен тоа, за време на изолацијата на имотот се забранети посети. Пропишано е и дека садовите и облеката мора да се мијат и перат на најмалку 60 степени. Германската влада тој модел го нарекува „фактички карантин со можност за работа“.