Сите ние треба да ги избегнуваме овие 14 веб страници.
Во последните неколку недели, со зголеменото ширење на коронавирусот и прогласување на глобална пандемија, експерти и медиуми низ целиот свет се трудат благовремено и вистинито да ги информираат своите граѓани како да се заштитат од коронавирусот, пренесува Geek.hr.
Како резултат на тоа, направени голем број стручни веб страници, како на глобално така и на локално ниво, додека во исто време најпознатите пребарувачи и социјалните мрежи се трудат на првата страна да ги покажат релевантните и кредибилните информации, како и да ги потиснат лажните вести и непроверени совети кои имаат за цел да направат само паника.
Непроверените совети многу брзо се шират на интернет
Сепак, ова не е лесна работа, така што некогаш се случува токму невистинитите и непроврените информации да се рашират побрзи од оние што ја содржат вистината.
Секако, тука се и хакерите и сајбер криминалците кои сакаат да ја искористат глобалната криза за своја полза. Токму затоа измамите преку интернет, лажните страници за крадење на лични податоци и бројот на спам пораки се зголемува секој ден.
Решение: Избегнувајте несигурни страници
Експертите за сајбер безбедност на компанијата Recorded Future напоменуваат дека секој ден се регистрираат се повеќе домени на интернет, зад кои се крие ширење на лажни вести и различни видови на компјутерски измами.
Тие издвоија 14 интернет страници што сите ние треба да ги избегнуваме:
Coronavirus-map[точка]com
Blogcoronacl.canalcero[точка]digital
Coronavirus[точка]zone
Coronavirus-realtime[точка]com
Coronavirus[точка]app
Bgvfr.coronavirusaware[точка]xyz
Coronavirusaware[точка]xyz
Corona-virus[точка]healthcare
Survivecoronavirus[точка]org
Vaccine-coronavirus[точка]com
Coronavirus[точка]cc
Bestcoronavirusprotect[точка]tk
Coronavirusupdate[точка]tk
Coronavirusstatus[точка]space