Кој вид на сапун подобро ги дезинфицира рацете, течниот или цврстиот? Ова прашање е доста поставувано во последно време откако миењето раце стана универзална заповед во борбата против корона вирусот.
Цврстиот сапун покрај лавабото често поминува низ многу раце. Сепак, нема место за паника затоа што и покрај тоа бактериите и вирусите не се шират, тврди директорот на германскиот советодавен центар за хигиена, др. Ернест Табори за магазинот Good Health.
Во теорија, секој кој користи сапун остава свои биолошки „траги“ на него, но тој не е плодно тло за нивното размножување. И ако некое време останат на сапунот, бактериите не преживуваат долго. Цврстиот сапун не е е нехигиенски како што се сметал, истакнува германскиот лекар.
Кога се работи за течниот сапун, бактериите не се собираат во самиот сапун, туку на неговата пумпа. Нечистотиите на тврдиот или течниот сапун се занемарливи ако темелно ги миете рацете веднаш откако ќе го допрете сапунот.
Сапунот е ефикасен, затоа што неговиот хемиски состав создава надворешна омотка на вирусот, после што тој започнува да се распаѓа. Односно, цврстиот и течниот сапун можат да се користат без никаков страв, важно е само да се користат што е можно почесто.