Финансиска поддршка од 14 500 денари бруто износ по вработен за април и мај во компаниите погодени од кризата, а не гарантирана минимална плата од државата. Управителите на компаниите ќе одлучат дали на тие средства би им го доплатиле износот за нивните вработени да ја земат целата плата или само околу 10 000 денари кога од помошта ќе се одземат придонесите.
Министерката Ангеловска објаснувајќи ја мерката рече дека ќе можат да аплицираат фирмите кои имаат пад на добивката од 30 проценти во април и мај, не исплаќале дивиденди и бонуси, ќе ги задржат работниците до Јули, а не до септември како што претхопдно беше предвидено и десет проценти од вработените немаат плати над 120 000 денари. Ќе можат да аплизираат и управителите.
Оние компании кои ќе остварат добивка во 2020 година ќе треба да ги вратат парите.Според министерката за финансии Нина Ангеловска за оваа мерка ќе се издвојат 100 до 120 милиони евра,а ќе бидат опфатени од 200 до 250 000 работници.. Половина од парите е можно да бидат обезбедени од Светска Банка.
Алфа ТВ:Целиот текст ТУКА