Кога ја инсталирате, апликацијата она што треба да внесете е вашиот телефонски број. Потоа добивате код и тој код е вашата идентификација.
Целта на мобилната апликација е да даде брз одговор на здравствените органи со кои лица бил заразениот во близина во изминатите 14 дена.
„Се регистрирате преку вашиот мобилен број, го ставате кодот кој ви стига на телефонот, а блутот се вклучува секогаш кога сте надвор од дома. Податоци до министерството за здравство испраќате само ако сте позитивни. Активирајте „Стоп Корона“ и помогнете да го победиме вирусот – додаде Манчевски.
МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРИВАТНОСТА
Апликацијата StopKorona! (во понатамошниот текст „Апликацијата") e БЕСПЛАТНА (и засекогаш ќе остане бесплатна) апликација која Вие ја симнувате доброволно на Вашиот мобилен уред и овозможува процес на локација на контакти . Единствено со Ваша согласност, апликацијата разменува Bluetooth сигнали со мобилните телефоните во непосредна близина кои ја имаат ја Апликацијата активна. Оттаму, апликацијата Ви помага да даде одговор на здравствените органи со кои лица бил заразениот во близина во изминатите 14 дена.
Намената за која се користи Апликацијата е единствено заради поголема заштита на здравјето. Информациите кои апликацијата ги доставува до Министерството за здравство се неопходни во областа за јавното здравство, како мерка за заштитa и спречување на ширењето на вирусот и ние сме посветени кон преземањето на сите мерки за заштита на Вашата приватност и зачувување во целост на Вашата контрола врз податоците кои се зачувани во вашиот мобилен телефон.
АПЛИКАЦИЈАТА ЧУВА И СОБИРА ОГРАНИЧЕНИ ИНФОРМАЦИИ
Единствените Ваши податоци кои го чува Министерството за здравство се:
- Вашиот мобилен број
- Уникатен Произволен Код (во понатамошниот текст УПК) за корисничка идентификација,
[ пример: g6j4mjdl8 ]
Штом ќе се регистрирате на апликацијата, УПК се поврзува со вашиот мобилен број на безбеден централен систем со целосна заштита. Регистарот на УПК кодови се запишува во енкриптирана форма за која клучот го има единствено овластени лица од Министерството за здравство (МЗ).
АПЛИКАЦИЈАТА НЕ СОБИРА ПОДАТОЦИ ЗА ВАШАТА ЛОКАЦИЈА
Апликацијата не следи ниту собира податоци за вашето движење и локација. Со употребата на Bluetooth технологија се утврдува единствено вашето растојание од други мобилни телефони на кои е активна истата апликација.
АПЛИКАЦИЈАТА НЕ РАЗМЕНУВА ПОДАТОЦИ ЗА ЛИЧНИОТ ИДЕНТИТЕТ
Кога сте блиску до друг мобилен телефон со активна апликација, двата телефони користат Bluetooth протокол за да разменaт исклучиво УПК кодови без дополнителни податоци од корисниците на Апликацијата кои се нашле во непосредна близина.
УПК КОДОВИТЕ ОД ТЕЛЕФОНИ БЛИЗУ ВАС СЕ ЧУВААТ НА ВАШИОТ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Ако Апликација на Вашиот мобилен телефон е активна, УПК кодовите од други корисници во Ваша близина се зачувуваат на Вашиот телефон и обратно. Па така, ако Вие и/или корисникот на телефон кој бил во Ваша близина се уврди дека е заболен со COVID-19, Вие или другото лице самостојно одлучувате дали на Министерството за здравство ќе му дадете пристап до податоците зачувани во мобилниот телефон кои не содржат мобилни броеви туку само листа на УПК кодови кои може да ги декриптираат единствено овластени лица од Министерството за здравство. Листата на УПК кодови зачувана на Вашиот телефон автоматски се чисти од податоци постари од 14 дена и за истите не постои можност да бидат испратени од Министерството за здравство.
ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ САМО ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА COVID-19
Откако на Министерството за здравство ќе му дозволите пристап до податоците од Вашиот телефон, овие податоци ќе се користат единствено заради пронаоѓање на лицата кои би можеле да бидат потенцијално инфицирани со COVID-19.
АПЛИКАЦИЈАТА ЌЕ КОМУНИЦИРА САМО ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ВО ВАША БЛИЗИНА
По своја слободна волја можете да ја оневозможите функционалноста на апликацијата во секое време со исклучување на дозволата за Bluetooth преку апликацијата или со бришење на апликацијата.