
Visa денес најави дека го поддржува зголемувањето на лимитот кај Card Verification Method до 2.500 денари во Македонија, дозволувајќи им на потрошувачите да плаќаат едноставно со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), со нивната бесконтактна картичка, при плаќање на поголеми износи. Зголемениот лимит без ПИН е зголемен за 25% од претходниот износ од 2.000 денари, со што на македонските потрошувачи им е овозможена уште поголема погодност за повеќе секојдневни трансакции.