Поради драматично намалената светска побарувачка за престој во хотели заради пандемијата на вирусот корона, се појавија интересни иницијативи.
Ако однапред резервирате и платите за престој во луксузен хотел, практично инвестирате во идните патувања и добивате многу повеќе за помалку.
Бројни хотели даваат понуди со кои нудат ваучери за иден престој, а вредноста ќе им расте се до моментот кога ќе одлучите да го искористите, пренесува Seebiz.
Веб страната Buy Now, Stay Later, ги поттикнува оние кои сакаат да патуваат да купуваат хотелски обврзници за поддршка на хотелската индустрија во ова тешко време.
Со оваа иницијатива Купи сега, остани подоцнa, хотелите ширум светот им овозможуваат на гостите да купуваат хотелски обврзници од 100 долари (92 евра). Кога идните гости ќе резервираат престој за некој подоцнежен датум, а најмногу по 60 дена, тие ќе добијат дополнителни 150 долари на купените 100 долари.