МПС: Граѓаните да не ги фотографираат полициските службеници, се смета за кривично дело
Како Македонскиот полициски синдикат се обраќаме до сите медиуми во Република Македонија (пишани и електронски медиуми, интернет портали, социјални мрежи и др.) со барање односно замолница во иднина кога се објавуваат видео материјали и фотографии на кој се гледа идентитетот на полициски службеници, без разлика дали се во униформа или во цивилна облека, како превземаат службени дејствија истите да бидат со формат и содржина со кој ќе биде заштитен идентитетот на полициските службеници, а се со цел заштита на безбедноста на самите службеници и семејствата на истите бидејќи полициските службеници работат со секаква категорија на лица.
Повод за ова обраќање се зачестените неосновани напади по социјалните мрежи и интернет портали каде се објавуваат видео снимки на кој се гледаат вработените во МВР како презвемаат службени дејствија на терен, со што сметаме дека на овој начин се врши психички притисок над вработените во Министерството, поради што може да настанат пропусти во работењето, а со тоа индиректно да биде загорзена безбедноста на државата и граѓаните од една страна, но и личната безбедност на вработените во МВР и безбедноста нивните семејства.
Исто така ги замолуваме граѓаните да се воздржат од неовластено снимање односно фотографирање на полициски службеници и постирање на таквите матријали на социјалните мрежи, со што можеби несвесно ја загрозуваат безбедноста на вработените во МВР и безбедноста на нивните семејства.
Истовремено аплелираме доколку било кој граѓанин на Република Македонија има било какво сознание за злоупотреба од вработени во МВР да го пријави до надлежните институции.
Во спротивно како синдикат цврсто ќе застанеме во заштита на нашите колеги и во иднина за секој поединечен случај на неовластено снимање и фотографирање ќе бидеме приморани да поведеме постапка со цел утврдување на одговорност кој сликал и зошто ги објавил односно споделил тие фотографии или видео матријали имајќи предвид дека станува збор за кривично дело неовластњно снимање, кое е инкриминирано во член 152 од Кривичниот законик на Македонија и кривично дело злоупотребa на лични податоци кое е инкриминирано во член 149 од Кривичниот законик на Република Македонија.