Потенцијалниот лек „Ремдесивир“, за кој се веруваше дека може да лекува луѓе со Ковид-19, наводно неуспешно бил тестиран на првото клиничко испитување, покажаа документите што протекоа од СЗО.
Како што пишува ББС, според нацрт-документите кои случајно ги објави Светската здравствена организација, тестирањата спроведени во Кина покажале дека лекот не е успешен за лекување на Ковид-19.
Во нив се тврди дека лекот не ја подобрува состојбата на пациентот и не го намалува присуството на патогени во крвта.
Американската компанија што го произведува лекот тврди дека во објавениот документ погрешно е претставена спроведената студија.
Веста за неуспешно клиничко тестирање се прошири откако СЗО најпрво ги објави деталите кои ги има во својата база на клинички тестирања, а потоа истите беа отстранети.
СЗО потоа објави дека нацарт-извештајот бил објавен по грешка.
Во студијата биле вклучени вкупно 237 пациенти, од кои 158 го примале лекот, а 79 добивале плацебо.
После месец дена, 13.9 проценти од пациентите кои го примале лекот починале, како и 12.8 проценти кои добивале плацебо.
Студијата била прерано прекината поради несакани ефекти.