Сите пациенти со коронавирус веќе се отпуштени болниците во кинескиот град Вухан, од каде започна се шири пандемијата, соопштија здравствените власти, цитирани од Ројтерс и ТАСС.
„Најновите вести се дека до сега, бројот на пациенти коронавирус во Вухан е нула, благодарение на заедничкиот напор на докторите од Вухан и медицинските лица испратени во градот од целата земја да помогнат во борбата против ширењето на коронавирусот“, рече портпаролот на прес-конференција на Државната здравствена комисија, Ми Фенг.
Радува и податокот дека ниту еден заразен со коронавирус не починал во Кина веќе 11 дена
Претходно денес, комисијата објави дека и последните 11 пациенти со корона денес се отпуштени од болниците во Вухан. Севкупно, 63.452 лица со потврдена инфекција со коронавирус биле отпуштени од кинеските болници, од кои 46.452 биле лекувани во Вухан