Кампањата Сподели Оптимизам која македонската IT компанија „Дата Мастерс “ ја започна како позитивен одговор на негативните информации поврзани со КОВИД-19 кои секојдневно стигнуваа до нас сега е преточена во интерактивна мапа достапна за сите.
Имено се работи за еден вид „жива„ мапа на која првенствено доаѓаат до израз броевите на излечени лица од овој вирус.
Преку мапата можете и вие самите да следите колку е ослабен вирусот и како се намалува заразата.Исто така можете да ја видите и процентуалната вредност на оздравување на заболените која внесува оптимизам.
Кликнете на линкот и верувајте поинаку ќе гледате на целата ситуација со Короната
https://www.datamasters.co/shareoptimism-by-data-masters/
Така денеска ќе сознаете дека бројот на сериозни случаи во светот од сите заболени е само 3% а и јасно ке можете да видите што значи порамнување на кривата ако ја одберет Македонија како опција.
Споделете оптимизам!