Општинската изборна комисија ги одзела надлежностите на градоначалникот Румен Томов пред завршување на мандатот.
Со 9 гласа било решено Румен Томов да не е градоначалник на Благоевград
Причината за смената на Томов е тоа што тој не се откажал од една од неговите компании на време и така во еден момент бил и градоначалник и сопственик што е кршење на Законот за општини и избор на градоначалник.
Претходно истата одлука за разрешување ја потврдил Административниот суд во Благоевград како и Врховниот суд.
Градскиот совет во Благоевград треба да избере привремен градоначалник до претстојните избори, објави БТВ.