На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за април 2020 година и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 30.04.2020 година.
Владата донесе заклучок да им се препорача на деловните банки да обезбедат достапност на средствата од априлските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи од 04.05.2020 година (понеделник).
За останатите одлуки донесени вчера прочитајте на vlada.mk