Носењето маска за лице е препорачливо или задолжително во многу земји како и кај нас а во борбата против коронавирусот, но лекарите предупредуваат дека треба да се внимава кога тоа се препорачува за децата.
Прашањето е дали одлуката да се носи маска за лице за децата е разумна?Да е , но под одредени услови и во одредена возраст, вели германското здружение за педијатри.
Две работи треба да се запазат а да маските обезбедат заштита на оние околу нас на лицето што ги носи. Прво, маската мора целосно да го покрие лицето од коренот на носот до брадата и треба да се прицврсти на кожата.
Второ, откако ќе ја ставиме на лицето не треба повторно да ја допираме.
Кога станува збор за деца, нереално е да се очекува дека тие нема да ја допираат, особено оние во рана возраст.
„Помладите деца веројатно нема да ја допрат маската само доколку постојано ги предупредуваат нивните родители - колку е помладо детето, толку почесто ќе ја допира маската“. Затоа, германското здружение за педијатри вели дека децата кои можат да носат маски се тие над 2 години.
Децата помали од две години не треба да носат маски, бидејќи тие можат да им го зголемат ризикот од гушење, стои во соопштение на американски центар за контрола и превенција на болести.
„Лицетето на детето помало од две години не треба да се прекрива со ткаенина, за да не дојде до потешкотии при дишењето“, пишува на нивната веб страница.
Носењето маски кај децата се препорачува само во затворено, додека маските не се задолжителни на отворено, тврдат германските лекари.