Ова може да се види на нивните профили на социјалните мрежи.Се информираат клиентите за почеток на работата од 4 мај, а некој веќе отвориле
-Не добивме никакви препораки, всушност ни за затварањето ни за отварањето-велат фризерите
-Отвараме водејќи се по препораките од колегите од соседните земји а и клиентите не е фер да ги оставаме без услугите-заклучуваат.
Термините брзо се пополнуваат, и првата недела е веќе исполнета вторaта до половина!
-Ги разгледавме сите мерки и сите препораки кој важат во Македонија и истите строго ќе ги почитуваме. Во однос на бројност на луѓе во една просторија и дистанца како и носењето на маски затоа што само тоа се единствените пропишани мерки од Владата, за се останато се информиравме од нашите колеги од .другите земји и меѓусебно во нашето здружение за да донесеме правила по кои ќе работиме:
-При влез постои патосница за дезинфекција на чевллите
-Лицето е пожелно да дојде со маска и ракавици-доколку нема му се дава на влез
-На влез задолжително е дезинфицирање на рацете
-Термините се закажуваат на еден час растојание
-После секој клиент комплетно се деизинфицира алатот, столовите, и сите површини за работа
-За секој клиент се употребува нов мантил и нов пешкир
Фризерите напоменуваат дека сиве ове правила барале дополнитлни инвестиции во однос на набавка на дезинфициенси, ракавици, маски...А од друга старана велат не можат да работат како порано, обемот ќе им биде намален не дека не закажуваат луѓето туку едноставно, за 8 часа работен ден максимум можат да се примат 8 до 9 луѓе.
Ако салонот е поголем може да се одржува дистанца па може да се прими уште еден човек, но не е како порано, 4 столчиња 4 муштерии во еден термин...Па додека едниот се фенира другиот седи со фарба, третиот се мие и сл..
Проблем им се лаворите, тие се физички еден до друг и не можат да се оддалечат.Што значи нема миење на двајца во исто време.
Сите овие новини сигурно ќе предизвикаат промени на цените. Во иднина ќе мора да опслужуваат помалку клиенти, а повеќе време да трошат на дезинфекција и хигиенски мерки. Миење, стрижење, фенирање сигурно ќе биде зголемено за 10 до 20%
Дали муштериите ќе го прифатат покачувањето на цените? „На почетокот веројатно нема да кажат ништо и ќе бидат среќни што по шест недели повторно ќе бидат услужени за подоцна ќе видиме!
Во секој случај. Најсреќни се дамите зошто повторно ќе можат да изгледаат “пристојно„