Трочлен тим од Гросупље во Словенија, разви уред направен да ги дезинфицира банкнотите со помош на ултравиолетови зраци.
За уредот се тврди дека е единствениот во светот кој може да дезинфицира и до сто банкноти во минута.
„Нашите животи полека се враќаат во нормала, но по оваа пандемија на коронавирусот ќе мораме да бидеме многу повнимателни“, изјави еден од членовите на тимот, Жан Брезец.
Тој изјави дека отежнувачката околност во развојот на овој уред е фактот дека сè е направено за време на карантинските мерки заради COVID-19.
Како што пренесува „STA”, неколку словенечки банки веќе се заинтересирани за овој уред, а една од нив ќе започне да го тестира во наредните денови, а тимот посочува дека во моментов има само три слични уреди на светскиот пазар.
Како работи уредот можете да погледнете ТУКА.