Пиењето пиво во Швајцарија на пат да стане цела процедура!
Како дел од неопходните мерки за заштите со цел спречување на ширењето на коронавирусот во угостителските објекти, швајцарските власти се одлучиле за наједноставниот начин.
Имено, угостителите ќе можат да земаат лични информации, како име, адреса и мобилен број од своите гости и ќе треба да ги чуваат две недели.
Така, гостинот кој оди во кафуле или ресторан и нарачува пиво, кафе или бифтек, ќе треба прво да остави лични информации. Тоа ќе важи и за резервации на маси, но и за спонтани посети на ресторани.
Зошто се прави тоа?
Личните информации собрани од угостителите треба да им олеснат на здравствените власти да откриваат контакти во случај на инфекција на еден од гостите.
Во Швајцарија, најмногу четири лица ќе можат да седнат на една маса, а сите гости мора да седат и меѓу масите да има растојание од најмалку два метра.