Џенерал Моторс објави дека се прават планови за безбедно рестартирање на производството на возила во САД.
На 4-ти мај, менаџментот на Џенерал Моторс ги извести вработените дека ќе добијат 14 платени денови доколку компанијата одлучи некој од нив да биде ставен во самоизолација.
Во објавата на Facebook стои дека кога ќе се отвори фабриката, доколку медицинскиот тим на компанијата открие дека некој од вработените бил потенцијално изложен на коронавирусот преку контакт со заболен, таа ќе му исплати целосна плата за 40 часовно работно време во времетраење од две недели, додека работникот е во самоизолација.
Производните хали на Џенерал Моторс низ целата земја се затворени од средината на март, а суспензијата на производството требаше да трае барем до 30 март. Од тогаш па навака, од недела во недела се согледува новата ситуација и се носат одлуки.
Начинот на следење на директни контакти ќе биде дел од напорите на компанијата за да се спречи ширењето на коронавирусот помеѓу вработените.
Директен контакт вклучува разговор, седење, стоење до некого и директно допирање.
Медицинскиот тим на Џенерал Моторс ќе ја користи оваа дефиниција за да утврди дали некој од вработените треба да биде ставен во карантин.