Полицискиот час во времетраење од четири дена стапува на сила во главниот град Анкара, како и во Баликесир, Бурса, Ескишехир, Газиантеп, Истанбул, Измир, Кајсери, Коџаели, Коња, Маниса, Сакарја, Самсун, Ван и Зонгулдак
Турција воведе четиридневен полициски час во 15 области, почнувајќи од петок на полноќ, во настојување да го запре ширењето на новиот коронавирус (Ковид-19), од чии последици досега во таа земја починаа 4.055 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицискиот час стапува на сила во главниот град Анкара, како и во Баликесир, Бурса, Ескишехир, Газиантеп, Истанбул, Измир, Кајсери, Коџаели, Коња, Маниса, Сакарја, Самсун, Ван и Зонгулдак.
Првиот полициски час со цел спречување на ширењето на коронавирусот беше прогласен на 11 и 12 април, а следуваа и нови во изминатите недели.
Во Турција се потврдени 4.055 смртни случаи од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19), додека 106.133 лиѓе се опоравија од Ковид-19. Досега се потврдени 146.457 случаи случаи на заразување со коронавирусот.
Извор: Агенција Анадолија