Game changer во современиот бизнис!
Data Science. Два збора кои во последниот период се насекаде околу нас. Без разлика дали имате некакво познавање од оваа област или не, data science претставува поле кое во себе содржи голем број на ‘hidden gems’. Data Science консултантството е само еден дел од интердисциплинарноста на Data Science односно само еден од овие ‘hidden gems’. Иако интересот за Data Science е голем, сепак луѓето не знаат што всушност значи Data Science консултантство. Токму затоа, ние, во овој текст сакаме да ви дадеме мал insight и да ве воведеме во фазите и методологијата на оваа попоуларна и просперитетна област.
Data Science консултантство
Интересот за Data Science е зголемен за пет пати повеќе во однос на претходните години. Меѓутоа, голем број луѓе сеуште се прашуваат која е разликата помеѓу стандардното веќе добро познато IT консултантство и Data Science консултантството? Клучната разлика е во тоа што Data Science консултантите креираат функционални решенија за своите клиенти кои тие понатаму може да ги користат самостојно.
Што всушност е Data Science консултантство?
Одговорот е едноставен. Data Science консултантството е всушност креирање на решение за проблемите коишто ги има клиентот. Покрај креирањето на решенија, консултанството вклучува и градење на вештини кај самиот клиент, со цел да го оспособи клиентот самиот да ги анализира процесите во фирмата. Се’ ова има една цел, а таа е поедноставување на процесите за ефикасно функционирање на секој бизнис. Целокупниот процес се дели во четири фази:
- Креирање на методологија за работа и пронаоѓање на бизнис проблем
- Консултантство
- Развој
- Менторирање и обуки
Креирање на методологија за работа и пронаоѓање на бизнис проблем
Методите за собирање на податоци и нивно анализирање се базираат врз основа на индустријата во која работи клиентот. Целите се секогаш различни, па затоа и се постигнуваат на повеќе начини. Сепак, без разлика за која индустрија станува збор главниот клуч за успех е соработката помеѓу различните оддели во компанијата, особено соработката помеѓу бизнис и IT секторот којашто е значајна за решавање на проблемот.
Валидација
Валидацијата е важен и потребен чекор за идентификување на методологијата за работа. Иако оваа методологија може да биде завршена за брзо време ( кога станува збор за итни случаи ), имплементацијата на истата може да трае со месеци. Во голем број на проекти поради интерес на време, креирањето и валидирањето на методологијата е извршено од страна на ист тим.
Развој
Дизајнирањето и градењето на data driven процеси и решенија кои се имплементирани на IT инфраструктурата на компанијата се дел од развојниот процес. Во оваа фаза IT вештините кои ги поседува еден Data Science консултант се од големо значење. Во овој процес посебен акцент се дава на custom решенијата кои се однесуваат на специфичен проблем.
Менторирање и обуки
Градењето на долготрајно и стабилно решение, зависи од менторирањето и обуките на самиот клиент. Всушност менторирањето е важно бидејќи самиот тим треба да е свесен за процесот и мора да има свој придонес во подобрување на решението. Преку менторирањето тимот ќе може да продолжи со работење и мониторирање на изграденото решение по завршување на консултантскиот проект.
Data Science консултантство во Македонија
Потребата од Data Science консултантството се зголемува се повеќе, токму поради создавањето на нови можности за индустриите како банкарство, финансии, медицина, осигурување, е-трговија, „gaming”, сè до туристички агенции, дури и владини тела. Првата македонска компанија која нуди Data Science Consulting услуги е Data Masters. Сите сопственици на бизниси делат заедничка цел, растење, развој и проширување на својот бизнис, а консултанти се луѓе како нас, Data Masters, кои ви помагаат во остварувањето на таа цел преку најсовремени методи и методологии.