Согласно програмата за неработни денови за 2020 година изготвена од Министерството за социјална политика, 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден.
Истиот ден, 24 мај (недела) е и Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, па 25 мај (понеделник) е неработен ден.
Уште еден неработен ден, но само за граѓаните од православна вероисповед има за 2 недели од тогаш, односно на 5 јуни (петок) во чест на празникот Духовден, петок пред Духовден.