Приклучокот за парно греење е намален за 37 проценти. Па така наместо 3.180 денари новата цена за приклучок за парно ќе изнесува 2000 денари. Од Регулаторната комисијата за енергетика велат дека со оваа намалување ќе се стимулираат инвеститорите на нови зграда да се прклучуваат кон системот на парно греење, но и да се зголеми бројот на корисниците на овој систем.
„Имајќи во предвид дека греењето со топлинска енергија во Град Скопје е на природен гас даваме уште поголем сигнал за зголемување на бројот на потрошувачи кој што се приклучени на овој систем, а со за зголемување на бројот на потрошувачи сакаме да ги намалуваме и цените за топлинска енергија фо крајните потрошувачи“, рече Марко Бислимовски- Претседател на Регулаторна комисија.