Германскиот врховен суд во Карлсруе ја прифати претходната пресуда на покраинскиот суд во Кобленц, кој на еден купувач на моделот Шаран му даде право на обештетување во износ од 26.000 евра.
Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ начелно ќе мора да им плати обештетување на германските купувачи на модели со дизел мотори со манипулативен софтвер, пресуди германскиот Врховен суд во понеделникот.
Оваа пресуда обезбедува правна сигурност за милиони потрошувачи во Германија и уште еднаш покажува дека дури и големите корпорации не се над законот, рече адвокатот Клаус Голденштајн, кој ги застапува интересите на оштетените, но и на останатите 20 000 клиенти на кои беа оштетени при купувањето автомобили „Фолксваген“ со манипулативни мотори.
Германскиот Врховен суд во Карлсруе со тоа ја прифати претходната пресуда на покраинскиот суд во Кобленц, кој му додели на еден купувач на Шаран обештетување во износ од 26.000 евра.
Тужителот и Фолксваген ја обжалија тогашната пресуда. VW сакаше целосно да ја поништи, а тужителот сметаше дека е неправедно да не му биде одобрено враќање на целосната цена од 31.000 евра, што тој го плати за својот автомобил во 2014 година, но вредноста е одбиена заради употреба на возилото.
Врховниот суд заклучи дека тужителот „свесно и неморално“ е оштетен од тужениот. Понатаму, се заклучува дека Фолксваген „систематски и долго време“ пуштал во оптек возила чии мотори биле програмирани да издаваат лажни податоци. Сето ова се случи, како што е наведено во судската одлука, како дел од стратегијата на „компанијата“.
Денешната одлука ќе влијае и на другите тужби против Фолксваген во Германија. Се проценува дека вкупно околу 60,000 клиенти можат да бараат поврат на средства за нивните модели кои имаат инсталиран дизел мотор, кој е манипулиран да покажува лажни, намалени вредности на тестовите за издувни гасови.