Јужнокорејскиот гигант, Samsung го заврши првото онлајн тестирање за вработување среде пандемија, а сега размислува да ја прошири оваа постапка за вработување и за понатаму, пренесува Korea Herald.
Тестот Global Samsung Aptitude Test (GSAT) е приемен тест за оние кои бараат работа во Samsung, а за прв пат овој викенд беше спроведен онлајн.
“Со помош на првиот онлајн испит ќе го надградиме нашиот систем за вработување и планираме да користиме интернет решенија во различни подрачја кога станува збор за вработување“, велат од Samsung.
Според овој начин на тестирање, кандидатите за работа се тестираат во нивните домот преку сопствен компјутер. Од кандидатите било побарано да се снимаат со помош на паметен телефон, односно да го прикажат мониторот, глувчето и нивните раце и лице со цел да се спречат евентуални измами и препишување.
Од Samsung велат дека оние кандидати кои ќе бидат фатени како препишуваат ќе бидат казнети и нема да може повторно да аплицираат за работа во нивната компанија следните пет години.