Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.81% или вкупно 9.075 слободни работни места.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности, односно 4.10 %, додека најмала е стапката во секторот Образование, во кој изнесува 0.47 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.22 %.
Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.80 %.
Најголем број слободни работни места, односно 2 878, има во петтата група занимања ‒ Работници во услужни дејности и продажба.
Вкупниот број на пополнети работни места во првиот квартал на 2020 година изнесувал 493.438.