Нема никакви докази дека коронавирусот се променил, ниту пак дека неговата форма на пренесување е променета, а ниту пак кога станува збор за сериозноста на болеста што ја предизвикува, предупреди епидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Кирков.
Во однос на трансмисијата, нема промена во смисла на тежината на самиот вирус, изјави Кирков на пресот за медиуми.
Таа нагласи дека е неопходно мерките за намалување и сузбивање на пренесувањето на вирусот да останат на сила, пренесува Ројтерс.
Досега во светот се регистрирани речиси 6.5 милиони позитивни случаи на коронавирусот, а нешто повеќе од 382 илјади луѓе го загубија животот како резултат на компликациите кои ги предизвикува болеста.
Најпогодена земја и натаму е САД каде бројката на заразени изнесува скоро 1.9 милиони.