Патување со автомобил, дестинации во рамки на границите од земјата, краток одмор и буџет помал за 20% за разлика од претходните години. Вака, според истражувањата, ќе изгледаат одморите во Италија.
Оваа земја, која неколку години наназад бележеше зголемен број на туристи, за годинава оценува дека 70% од жителите на Италија ќе заминат на одмор во следните неколку месеци. Во претходните години, уделот на домашните туристи беше над 80%.
Поголемиот број Италијанци ќе останат да летуваат во сопствената земја, а истражувањата покажуваат дека планираат пократок одмор за разлика од претходните години.
Тамошните медиуми наведуваат дека оние кои ќе се одлучат за патување во текот на летната сезона, планираат со себе да понесат 20% помалку пари за разлика од претходните години.
Повеќе од 10 милиони Италијанци оваа година не планираат да заминат на одмор.
Италија на трети јуни ги отвори границите и дозволи посети од земјите членки на Европската унија и шенген зоната.