Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со домашната платежна картичка, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска. Новите дејности кои се додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства.
ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ во секторот ПРОДАЖБА: Аплицирајте!
„Уредбата за домашната платежна картичка беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во: хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци, супермаркети, продавници за храна, пиљари, пекари, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги, спортска опрема, продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки и фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности“, објави Ангеловска.
Производите кои може да се купат со картичката се означени со „Купувам домашно” на гондолата, рафтот, производот, лифлетот во продавниците…