Претставниците на ланецот продавници посочија дека повеќе нема да го користат традиционалниот деловен модел на работа и дека муштериите можат да очекуваат продавници во кои помалку би поминувале време. Пандемијата остави големи последици и по најпопуларните и финансиски стабилните компании.
Старбакс најави дека ќе затвори 400 продавници во САД во наредните 18 месеци, додека во останатите ќе го промени својот деловен модел. Синџирот посочи дека полека ќе се одалечува од традиционалниот модел и ќе се сврти кон начин кој ќе биде поприфатлив за потрошувачите.
За сега е познато дека станува збор за објекти каде муштериите ќе можат да се задржуваат помалку, опцијата „за носење“ ќе стане секојдневние, а класичното седење во кафулињата, нешто што беше вообичаено во ова популарно место, ќе стане минато. Меѓу другото, на потрошувачите ќе им биде обезбедена апликација преку која ќе можат да порачаат призвод и пред да пристигнат во објектот. Ваквиот потег ќе одговара на тековната реалност и ќе обезбеди поголема сигурност за сите.
Компанијата објави дека продажбата ќе се намалаи за 3,2 милијарди долари во тековниот квартал. Иако Старбакс затвара 400 продавници, компанијата ќе отвори 300 нови, што е за половина помалку од планираниот број пред кризата.