Data Masters е првата македонска компанија специјализирана во областа на Data Science и Business Intelligence, која покрај консултантсвото повеќе од една година го пренесува своето знаење на студенти и професионалци од овие области преку Data Masters Академијата.
Како општествено одговорна компанија, Data Masters започна со иницијатива #СподелувамеИскуство, чија цел е да помогне при решавање на бизнис проблеми, но и да ја долови моќта на податоците и што тие може да направат за вашата компанија и индустрија. Со нивни зборови: Размена и споделување на знаење се процесите кои што може да направат огромна разлика помеѓу опстанок и пропаѓање на еден бизнис.Споделување на знаењето како процес постои можеби од почеток на времето, но моментално претставува вредно нематеријално средство за создавање и одржување на конкурентни предности.
Data Masters како заедница од професионалци со заеднички афинитет кон обуките, преку серија на бесплатни вебинари ќе ви помогне да стекнете знаење од областа на Data Science и Business Intelligence. Особено важен дел е тоа што, темата на вебинарот ја одбирате самите вие, но исто така може да одберете и под-тема или пак да напишете ваша идеја за одреден бизнис проблем со кој се соочувате.
Мартина Наумовска ќе биде главен предавач на вебинарите.
Таа е магистер по Вештачка интелигенција и Head of Data Science во Дата Мастерс.
#СподелувамеИскуство е иницијатива чија што цел е да ги отвори вратите на сите оние млади, не толку млади, студенти и експерти во своите области да ја разберат применета на Вештачката Интелигенција во секоја област и во секојдневното нивно работење. Со оваа цел, преку нашите искуства сакаме да ги покажеме можностите за сите оние кои што сакаат да бидат во чекор со иднината - вели Мартина.
Овие специјализирани вебинари се одлична можност да го надоградите вашето знаење и да откриете како да ги решите вашите бизнис проблеми и истите ќе се одвиваат во втората половина од месец Јули.
Конкретните датуми ќе бидат објавени на academy.datamasters.co по завршувањето на анкетата.
Ве покануваме директно да се вклучите со избирање на тема и под-тема за бесплатен вебинар со пополнување на следниот ЛИНК