Кај речиси половина од заразените со коронавирус дошло до промена во нивното чувство за вкус, според студијата објавена во списанието Gastroenterology.
Истражувањето дошло до податоци кои би можеле да бидат корисни за лекарите во лекувањето на пациенти кај кои Ковид-19 може да биде фатален, пишува британскиот весник „Deccan Herald“.
Претходните студии не го покажаа овој симптом, веројатно затоа што другите симптоми како кашлица, треска и останување без здив беа многу поизразени, рече Мухамед Азиз од американскиот универзитет во Толедо.
Истражувачкиот тим анализирал податоци од пет претходно објавени студии, кои биле спроведени од јануари до крајот на март годинава. Од 817 лица заразени со Ковид-19, кои биле вклучени во студијата, 49,8 проценти од нив почувствувале промени во нивното чувство за вкус.
Експертите претпоставуваат дека овој процент би можел да биде уште поголем бидејќи некои истражувања се засновале на податоци од пациенти кои не забележале никакви симптоми на вирусот, пренесува „АТВ“. Се сомнева дека промени во ова чувство се јавуваат кај луѓе кои имаат поблаги симптоми. Сепак, потребни се повеќе студии за да се потврди ова сомневање, пишува Нови.