Пандемијата на коронавирус има големо влијание врз светската економија. Поточно, на пазарот на трудот милиони луѓе ги загубија своите работни места, а само во Америка толку голем број на невработени не е регистриран уште од Големата депресија.
Технолошките компании сега го подобруваат својот бизнис за да се обидат да се справат со кризата, а најновата компанија на тој фронт е Мајкрософт.
Компанијата започна глобална платформа која нуди бесплатна обука за стекнување вештини за луѓето кои ги загубија своите работни места.
Покрај тоа, Миркософт најави распределба на грант од 20 милиони долари на непрофитни организации кои работат за да им помогнат на оние што ги загубија своите работни места поради пандемијата, со посебен акцент на оние кои работат со групи кои се недоволно застапени во технолошкиот свет.
Вклучени се и Google, Facebook и LinkedIn
Патем, други технолошки компании исто така се обидуваат да ги користат своите платформи за да им дадат помош на оние кои се загрозени поради пандемијата.
Така, Google создаде специјални портали за да ги информира луѓето за локалната, националната и глобалната состојба во врска со пандемијата.
Фејсбук има изградено информативен портал и исто така им го отвори патот на луѓето кои нудат доброволна помош на оние на кои им е особено потребна во нивната заедница.
Парите што Мајкрософт ќе ги даде на непрофитните организации се насочени кон широк спектар на организации. Значи, средствата нема да бидат насочени само кон организации што имаат за цел да помогнат во учење на нови вештини, туку и кон оние кои нудат помош за одредени групи.
Веста за обуката што ја нуди Мајкрософт е особено важна затоа што е во соработка со LinkedIn.
Мајкрософт користејќи податоци од LinkedIn, идентификуваше 10 технолошки работни позиции за кои во моментов постои голема побарувачка, а нивната побарувачка ќе расте и во иднина. Се работи за овие 10 обуки:
Become a Software Developer
Become a Sales Representative
Become a Project Manager
Become an IT administrator (Prepare for CompTIA Network+ Certification)
Become a Customer Service Specialist
Become a Digital Marketing Specialist
Become IT Support / Help Desk (Prepare for the CompTIA A+ Certification)
Become a Data Analyst
Become a Financial Analyst
Become a Graphic Designer
Покрај напорите за учење преку интернет, LinkedIn е посветена на воведување нови начини за полесно барање на работа, а за оние кои сакаат доброволно да им помагаат на другите, да можат полесно да даваат совети и менторство или да обучуваат за кандидатите да бидат подобри во интервјуа за работа.