Некои од најуспешните луѓе на нашето време во животот следат едно, навидум обично правило, кое го измислил познат Американец пред скоро 300 години. Тој Американец е Бенџамин Френклин.
После две до три години од школувањето, тој започна да работи во продавницата за сапун и свеќи на неговиот татко, а имал само 10 години. Починал на 84-годишна возраст, а запаметен е како познат пронаоѓач, успешен писател и бизнисмен, една од најважните личности во историјата на Соединетите држави.
Тој успех, како што пишува Business Insider, го должи на своето “петчасовно правило“: секој работен ден, тој посветуваше 60 минути на учење и вежбање, односно тој инвестираше пет часа секоја недела во конструктивен тренинг за психата и телото. Оваа идеја сè уште не излегла надвор од мода, а редовно ја применуваат и промовираат Бил Гејтс, Ворен Бафет, Илон Маск, Марк Цукерберг.
Бафет, малку го смени правилото, па тој троши дури пет до шест часа на ден читајќи дневни весници (најмалку пет) и 500 страници деловни извештаи. Гејтс прочитал околу 50 книги за 12 месеци, а основачот на Tesla, во раната младост, читал две книги на ден, а исто и Цукерберг сака да чита.
Јасно е дека најбогатите и најуспешните навреме сфатиле дека свесното учење, со план, е клучот за успехот. За нив, тој час на ден не е “губење време“, туку инвестиција во себе, за нивните квалитети и кариера, на крајот на краиштата на долг рок, континуираното учење е најдобрата инвестиција.