Една од најчестите причини за промена во кариерата е ставот дека „работата што ја работиме е здодевна“, но повеќето луѓе имаат таков став без оглед на работата со која се занимаваат.
Во зависност од причината за вашата здодевност, развивањето на емоционална свест ќе ви помогне да бидете поупорни и мотивирани да ги спроведувате промените, а вие треба да одговорите за себе која е причината поради која ви е здодевно, пишува 24sata.
Зошто ми е досадно? Досадата на работното место се јавува ако:
- Вашиот целосен потенцијал не се користи
- Посакуваш авантура
- Работата не е веќе предизвикувачка
- Веќе подолго време сте на иста позиција
- Премногу малку се движите меѓу колегите или сакате да работите со нови луѓе
- Вашите интереси и / или вредности се променети
Размислете и одговорете на овие прашања:
- Што ви кажува досадата за тоа што ви е потребно?
- На што се надевате: физички, психички и социјално кога ќе го решите овој проблем?
- Што ќе направите за да најдете решение за да не ви биде здодевно?
- Што направивте досега?
- Дали имате соодветна поддршка која ќе ви помогне да најдете решение?
Ако сакате да работите на себеси до можната промена во кариерата, следете ги овие совети:
1. „Наполнете го телото и умот со тоа што ќе се фокусирате на работи што ве опуштаат и на физичка активност.
2. Размислете за личниот раст и што е тоа што можете сами да направите за да ја подигнете вашата вредност.
3. Размислете за вашата кариера и она што сте го научиле досега, кои беа најважните моменти во вашата работа и кои се вашите можни недостатоци на вештини.
4. Бидете свесни за вашиот внатрешен „монолог“.
5. Негувајте значајни односи.
Во последниве години, се убедив дека промената во кариерата бара сеопфатен пристап. Но, најважното прашање е што е тоа во што уживате, особено затоа што „тоа во што сте добри“ и „тоа во што уживате“ не мора да биде исто. Еден начин да одговорите на ова е да се запрашате кои се вашите омилени задачи, разговори и активности на работа. Според книгата „Икигаи: Јапонската тајна на долг и среќен живот“, Икигаи е нечија причина за постоење. Четирите концепти што се пресекуваат и сочинуваат нечии Икигаи се мисија, страст, вокација и давање на другите. Страста и работата не мора да одат заедно, но можат да се надополнуваат. И кога вредностите, интересот, струката и значењето ќе се пресечат, ќе најдеме исполнетост, рече Рејчел Монтанез, уредник за кариера на Форбс.