По месец и половина откако се отворија кафеаните, денес се отвораат и библиотеките, кои беа под клуч речиси четири месеци – јави ТВ 24.
Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови. Вратените книги посебно ќе се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за позајмување.
Задолжително ќе биде носење лична заштитна опрема на лицето, дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека. Секако, и одржување на физичко растојание од два метри.
Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел. Библиотеките нема да го евидентираат пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници.