Првата асоцијација за живот на еден милионер секако е комфорен живот, луксуз, скапи предмети, изобилие, но сепак не е секогаш така. Богатите луѓе кои со напорна работа, труд, пожртвуваност и посветеност го стекнале своето богатство сметаат дека секој може да стане богат ако почитува одредени правила во работата. Тоа не значи дека ќе имате милијарди на сметка без напор, туку напротив потребно е многу да се потрудите, да бидете вредни, да верувате во себе и во она што го правите.
Ништо без план
За многу успешни луѓе, планот е компас што им го покажува патот кон остварување на целта. Тоа значи дека мора да имате некакви нацрти во главата или на хартија за да не бидете како “мува без глава“. Напротив, дури и во услови на криза важно е да имате план и стратегија што ќе ви помогне да го сумирате сработеното, да ги имате на едно место сите ресурси со коишто располагате за да можете да ги предвидите активностите што следат.
Приходи од повеќе места
Ниту еден успешен или богат човек не очекува “вода само од еден извор“. Тоа значи дека мора го диверзифицирате бизнисот, да имате повеќе алтернативи, без да се разводнувате и да губите енергија на повеќе места од еднаш. Се прашувате како е можно тоа? Постои добро осмислена стратегија што ќе ви помогне да не се втурнете во ризик, туку полека и сигурно да го дисперзирате својот бизнис, да создадете тим што ќе раководи со важните процеси, а вие ќе ја следите реализацијата.
Штедење и само штедење
Оние кои напорно го заработиле секој денар, точно ја знаат неговата вредност, па не ги трошат на непотребни работи. Освен тоа, важно е да се тргаат пари на страна за да може да се искористат во неопходни ситуации, како што е оваа вонредна предизвикана од пандемијата. Ако умно управувате со парите, но и со другите важни ресурси, во тој случај нема да имате проблем да заштедите и потоа паметно да ги искористите заштедите.